Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени 2021 година, позната и како COP26, започна пред 4 дена, а светската деловна и политичка елита се собра во Глазгов.
Меѓу гостите се американскиот претседател Џо Бајден, британскиот премиер Борис Џонсон и Џеф Безос.
Еден детаљ боде очи.
Апсолутно сите гости доаѓаа со приватни летови, а некои од нив со свои приватни авиони.
Според „Сандеј меј“, минатиот викенд во регионот пристигнале околу 400 приватни авиони.
Според ПР тимовите на некои претставници на COP26, авионите се напојуваат со одржливи горива.
Се чини дека светските лидери и покрај сите конференции и панел дискусии на тема човечкото влијание врз животната средина, сепак се слепи за сопственото влијание, т.е. влијанието на нивниот омилен начин на транспорт врз животната средина.
Така, на Генералното собрание на ОН во 2021 година во Њујорк, каде главна тема беше одржливоста, најголемиот број од присутните пристигнаа со своите приватни авиони.
Така американскиот претседател Џо Бајден пристигна на COP26 со авион Ер Форс 1, а јапонскиот премиер Фумио Кишида со Боинг 777-300ER.
Борис Џонсон, премиерот на Обединетото Кралство пристигна со Ербас А330 итн. Со приватни авиони пристигнаа и принцот Чарлс и Џеф Безос.
Според ПР службата на Борис Џонсон, неговиот авион користи мешавина од стандардно гориво за авиони и одржливо гориво.
Истото го кажале и ПР службата на принцот Чарлс, како и портпаролот на еден од фондовите Џеф Безос, што и да значело тоа, пренесува Business Insider.