Следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури

Сподели со своите пријатели

Времето утринава е умерено до значително облачно и ветровито, а на места во североисточните делови провејува слаб снег. Во западните делови е посончево. На повеќето места дува засилен ветер од северен и северозападен правец.

Loading...

Во текот на денот, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, студено и ветровито. Ќе дува засилен северозападен ветер. Дневната температура нема да се разликува во однос на утринската, а на повисоките места дополнително ќе опаѓа. максимумите на температурата ќе бидат во интервал од -2 до 6 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува засилен северен ветер, а максималната дневна температура ќе изнесува 1 степен.

Следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури и со умерен северозападен ветер.

Leave a Reply