Следува опаѓање на температурата и услови за попладневна нестабилност

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност., информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Попладне и кон крајот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме, особено во источните делови.

Ќе дува слаб до умерен, а во горниот тек на Повардарието повремено засилен северен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Во попладневните часови облачноста ќе донесе услови за дожд и грмотевици.

Loading...

Ќе дува слаб ветер од северен, односно северозападен правец.

Температурата ќе се движи од 13 степени во утринските часови до максимални 26 степени целзиусови во текот на денот.

 

 

Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен, а повремено и засилен северен ветер.

Температурата ќе биде во постепено опаѓање.

 

Loading...

 

Никола Ивановски

Leave a Reply