Следниот вторник прскање против возрасни комарци во Куманово

Сподели со своите пријатели

На 2 јули (вторник) 2024 година, со почеток во 00:00 часот (на полноќ), ќе започне третман со терестична адултицидна дезинсекција против возрасна форма на комарци, на територија на Општина Куманово.

Loading...

Прскањето, како што информираат од Општина Куманово, ќе се реализира со препаратот со активна материја delthametrine – АКВА КОТРИН.

– Се известуваат пчеларите да ги заштитат пчелните семејства, стои во соопштението.

Доколку временските услови се неповолни, третманот ќе се одложи за нареден ден.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бебето е живо, ќе се истражува евентуална одговорност за смртта на родилката