Следниот пат кога ќе ве погледне како да ве разбира, знајте дека тоа не е случајно

Сподели со своите пријатели

Ако му кажете нешто на вашето куче и тоа ве погледне како да ве разбира, постои добра шанса дека тоа навистина е така, тврдат научниците. Вашите миленици всушност разбираат како вие навистина се чувствувате, за разлика од она што зборувате…

Наѓиот и мозокот на кучињата функционираат на изненадувачки сличен начин, а особено кога зборуваме за ко0муникација и разбирање на емоциите. Научниците тврдат дека имаат одговор на тоа како кучињата толку добро не „читаат“.

Истражувањето објавено во списанието „Current Biology“ по прв пат го споредува функционирањето на човечкиот мозок и мозокот на животните кои не се примати. Потврдено е дека и кучињата и луѓето еволуираат да ги читаат емоциите додека некој го зборува.

Ние можеме да слушнеме и видиме дали некој звучи среќно или тажно додека зборува, а можат и кучињата. на прашањето: „Како сте?“, вие можете да  одговорите „Добро“, иако всушност така не мислите. Но, вашето куче знае што всушност чувствувате.

 

Loading...

 

Кучињата и луѓето делат слично опкружување. Наодите од истражувањата укажуваат дека кучињата користат слични мозоќни механизми за обработка на општествените инфомации.

Во истражувањето преку скенери е следена активнсота на мозокот кај 11 кучиња и 11 луѓе додека слушаат лаење, плач и смеење. Снимките покажуваат дека при слушањето на гласови и кај кучињата и човекот се активираат слични делови од мозокот.

Истражувачите додаваат дека оваа студија е прв чекор во разбирањето за тоа како нашиот најдобар пријател не разбира најдобро.

Leave a Reply