Американскиот претседател Џозеф Бајден, кој се обидува да се справи со последиците од неговиот слаб настап во дебатата со Доналд Трамп, ќе одржи прес-конференција следниот четврток, на маргините на самитот на НАТО, потврди денеска висок американски функционер, пренесе АФП.
Loading...
„Претседателот Бајден ќе одржи прес-конференција и ќе одговара на прашања од медиумите во четврток, по средбата на лидерите на НАТО и неколку азиско-пацифички земји како дел од самитот“, рече функционерот кој сакаше да остане анонимен.