Следната пандемија може да биде полоша ако не се подготвиме, смета британска научничка

Сподели со своите пријатели

Сара Гилберт, научник која работеше на развојот на британската вакцина Оксфорд – Астразенека против коронавирусот, рече дека следната пандемија би можела да биде многу позаразна и смртоносна доколку не се соберат повеќе пари за истражување и подготовки за борба против вирусот што ќе се појави.

Loading...

Таа додаде дека научниот напредок постигнат во борбата против смртоносните вируси „не смее да се изгуби“ поради трошоците за борба против сегашната пандемија.

„Ова нема да биде последен пат вирусот да ги загрози нашите животи и постоење. Следниот може да биде многу полош. Може да биде многу позаразен, смртоносен или и двете“, рече Гилберт.

Овие изјави се дел од нејзиното обраќање кое вечерва ќе се емитува на Би-би-си. Тоа е обраќање на истакнати и влијателни луѓе на крајот на годината.

Гилберт ќе ги повика владите да се посветат на науката и подготовките за пандемии дури и откако ќе помине пандемијата Ковид-19.

„Не можеме да дозволиме по се што поминавме да нема доволно средства за подготовки за пандемии. Напредокот што го постигнавме и знаењето што го стекнавме не смее да се изгуби“, рече таа.