На 15ти февруари во Основниот суд Куманово започнува судењето против Бобан Илиќ од Куманово кој е обвинет за убиството на четиригодишниот Алмир што се случи на 25 јуни минатата година по банална расправија во амбуланта.
Според обвинението Илиќ се соочува со казна затвор од 10 години до доживотен затвор според Кривичниот законик по член 123 став 2, а освен з аубиството на Алмир се терети и за обид за убиство на неговите родители.
Имено минатата година Илиќ со својот автомобил марка „Мерцедес Ц200“ во кој бил и неговиот брат и ушпте едно лице, во близина на Здравствен дом куманово го удри семејството Алиу, а Алмир поради тешките повреди беше префрлен на Детската хирургија во Скопје, а по неколку дена им подлегна на повредите.
На убиството претходно следувала банална расправија поради непочитување на ред за прием во кумановската амбуланта, а во обвинението стои:
Во текот на расправијата таткото на детето му се заканил на осомничениот, а при излезот од болницата тој (осомничениот) бил нападнат од три други лица што почнале да удираат по ветробранското стакло на неговиот автомобил. Избегнувајќи го нападот, осомничениот се упатил кон центарот на градот, при што со своето возило марка „мерцедес“ се обидел да ги прегази оштетеното лице, неговата сопруга и малолетното дете. Сите тројца биле повредени, а со најтешки телесни повреди се здобило детето.
Иако братот на Бобан Илиќ реагираше дека тие биле нападнати и убиството се случило како несреќен случај, сепак обвинителството поднесе обвинение за убиство и обид за убиство. Настанот предизвика протести на Албанците во Куманово, а беше објавена и снимка од прегазувањето на Алмир која ја згрози јавноста и по низата реакции и на барање на полицијата снимката беше отстранета.
Loading...