Општина Куманово известува дека во текот на следната недела ќе се реализираат планирани третмани на повеќе локации низ градот за намалување на бројот на комарци и крлежи.
Четвртиот третман на терестичка дезинсекција против возрасни форми на комарци е закажан за 20 август, со почеток во 00:00 часот, и ќе се одвива до раните утрински часови.
Акцентот ќе биде ставен на подрачјата по текот на реката Кумановка, околината на градскиот парк, булеварите Октомвриска револуција и 3-та МУБ, ул. Никола Тесла, реонот на ООУ „Толи Зордумис“, Диво Насеље, населбите Зелен рид и Перо Чичо, како и градските гробишта и зелените површини околу ЈЗУ Општа болница.
За овој третман ќе се користи препаратот AQVA KOTHRINE со активна материја Deltamethrine.
Вториот третман против крлежи на јавни зелени површини е предвиден за 21 и 22 август, со почеток од 05:30 до 08:00 часот, со препаратот CIMINA PLUS со активна материја Cipermethrin.
Општината апелира до граѓаните да бидат внимателни и да ги почитуваат упатствата за безбедност.
Доколку временските услови не дозволат спроведување на третманите, истите ќе бидат одложени до првиот ден со погодни услови.
Никола Ивановски