Sky News: Ова е опасен момент за Блискиот Исток, кој и да ја нападнал болницата

Сподели со своите пријатели

Ова е опасне момент за Блискиот Исток, без разлика кој е одговорен за нападот на болницата Ал-Ахли во Газа, изјави Алистер Бункал, дописник на Скај њуз за Блискиот Исток.

Loading...

„Арапскиот свет нема да верува во тврдењата на Израел дека експлозијата била предизвикана од ракета истрелана од Газа. Не само Хамас и Исламски џихад тврдат дека Израел ја погодил болницата, тоа го тврдат и бројни хуманитарни организации“, рече Бункал.

„Видеото објавено од Израел, кое наводно покажува дека тој не е одговорен за нападот, е неубедливо. Ова може да биде пресвртница во конфликтот: дали сојузниците на Израел ќе ѝ кажат на владата да запре и да ја контролира ситуацијата или ќе се отворат нови фронтови во Либан, Западниот Брег или Ирак?” додаде тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ердоган со премиерот на Либан: Исклучително опасни напори на Израел да ја прошири војната

Утрово американските сили во Ирак наводно собориле два дрона во близина на една од нивните бази.

„Затоа она што се случува во Газа е многу опасно за поширокиот регион“, смета Бункал.