Американскиот Сенат го потврди Скот Бесант за министер за финансии во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Во понеделникот 68 сенатори гласаа за него, 29 против, а 16 демократи ја поддржаа номинацијата.
Бесант, кој има 62 години, веќе е застапник на економската агенда на Трамп, која се фокусира на намалување на даноците и наметнување високи царини за кои некои економисти тврдат дека би можеле да поништат дел од напредокот што Федералните резерви го постигнаа во контролирањето на инфлацијата, пренесува Гласот на Америка.
Како 79-ти секретар, Бесан ќе има влијание врз наплатата на даноците во САД и нејзиниот долг од 28 трилиони долари, со огромно влијание врз фискалната политика, финансиските регулативи, меѓународните санкции и странските инвестиции.