Скоро три милијарди денари ќе тежи буџетот на Општина Куманово во 2026 година

Сподели со своите пријатели

Буџетот на Општина Куманово за 2026 година тежи приближно три милијарди денари, односно 48.5 милиони евра и по повеќечасовна расправа беше усвоен на последната седница на Советот на општината.

Од Секторот за финансии беше посочено дека основниот буџет изнесува 1,25 милијарди денари или околу 20 милиони евра, а со вклучување на самофинансирачките активности, дотациите и донациите, вкупните приходи достигнуваат 2.990.039.067 денари.

Како што беше појаснето, средствата се распределени по програми и корисници, со јасно разграничување меѓу капитални, тековно-оперативни и развојни расходи.

Претставникот од секторот за финансии, Фросина Милковска, во своето излагање нагласи дека значаен дел од развојната програма се однесува на капитални проекти финансирани преку унгарскиот кредит.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Печалбарите повторно ќе излезат на протест пред УЈП Куманово

– Голем дел од развојната програма се однесува на капитални проекти финансирани преку унгарскиот кредит, дел од постапките се веќе завршени, а за други се избрани изведувачи, рече Милковска.

Во буџетот е предвидено и зголемување на основната главнина на јавните претпријатија, при што ЈП „Куманово Гас“ ќе добие дополнителни шест милиони денари, а ЈП „Пазариште“ два милиони денари, со обврска уплатите да бидат соодветно евидентирани.

Градоначалникот Максим Димитриевски оцени дека буџетот за 2026 година има специфичен карактер, пред сè поради обемот на средства поврзани со проектите аплицирани преку унгарскиот кредит и додаде дека развојната компонента останува клучен сегмент.

– Тука е гасификацијата, особено на старата индустриска зона, како и на координацијата на инфраструктурните зафати, социјала, култура, буџетот ќе биде целосно и транспарентно објавен за јавен увид, рече Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој се заканувал на својата сопруга

Никола Ивановски