Скоро половина град утре без струја!

Сподели со своите пријатели

Во текот на утрешниот ден во период од 08:30 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат дел од улиците „Никола Тесла“, „Јоско Илиевски“ и „Доне Божинов“.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи во период од 08:30 до 15:00 часот прекини во снабдувањето се најавени за дел од улиците „Дојранска“, „Христијан Тодоровски Карпош“, „Киро Фетак“, „Белградска“, „1-ви Мај“, „Вера Ц. Трена“, „Сава Ковачевич“, „Ристовац“ и „Раде Кончар“.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интевенција во електро дистрибутивната мрежа со цел подобрување на услугата кон корисниците.