Скоро пет илјади бегалци ја преминале Македонија последното деноноќие

Сподели со своите пријатели

Како што информира Министерството за внатрешни работи во последните 24 часа биле издадени скоро 5 илјади потврди на странски државјани, или поточно на 4.840 бегалци.

Loading...

Од нив 2.413 се од машки пол,872 се од женски, 1.169 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 386 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-2.237,Авганистан–1.839, Ирак-764,додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 20.11.2015 годинадо 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 265.846 странски државјани, од кои, 156.025 се од машки пол, 40.629 се од женски, 55.210 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 13.982 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 20.11.2015 до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 20.11.2015 година до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.

Инаку, состојбата е редовна и на северната и на јужната граница. На ГП Табановце нема задржување, а во Прифатниот транзитен центар регистрацијата се одвива редовно. Од грчка страна има околу 700 лица на кои не им е дозволен влез, а останатите мигранти се примаат во согласност со процедурите, додаваат од МВР.