Скоро и никој да не знае дека оваа убава жена ја измислила Wi-Fi конекцијата

Сподели со своите пријатели

Убавата актерка Хеди Ламар беше се освен обична жена. Таа е родена во Виена, Австрија, на 9 декември 1913 година, како Хедвиг Ева Марија Кислер и отсекогаш била украсена со отворен поглед кон луѓето и светот околу неа.

Loading...

Кога имала 20 години, се омажила за богато момче од Виена, виенски индустријалец. Нивната љубов не била идилична, тој бил посесивен, толку многу што и забранувал да глуми во филмови. Таа решила да стави крај на тој брак и да продолжи со животот.

Животот имал поинакви планови за неа, патот ја однел во САД, каде била прогласена за најубава жена на светот.

 

 

Многу од нејзините бракови завршиле неславно, а се вели дека имала шест сопрузи и три деца. Снимила преку 30 филмови, а најзабележителни улоги и биле во „Самсон и Далила“, „Девојката на Зигфилд“ и во контроверзниот филм „Екстази“.

Но, она што навистина ја издвојува од другите жени е тоа што сега ниту едно домаќинство не би функционирало како денес, да не била таа и нејзиниот патент.

Loading...

За време на Втората светска војна, американската војска имала многу проблеми со далечинско водење на торпеда, бидејќи Јапонците успеале да ја пронајдат фреквенцијата со која управувале со торпедата.

Сметала дека треба постојано да се менува фреквенцијата на контрола на торпедата, но не успеала веднаш да излезе со патент.

Конечно успеала да го направи тоа во 1942 година под името „Secret Communication System“, кој ги поставил технолошките основи за сè – од безжична врска до GPS.

 

 

Меѓутоа, кога и понудила помош на американската војска, тие не ја сфатиле доволно сериозно и веднаш го одбиле нејзиниот предлог.

Нејзиниот патент бил заборавен додека не започнало дизајнирањето на мрежата за дигитална мобилна телефонија, а денес се применува на мобилните телефони и на сите безжични уреди.

Loading...

Тоа е чист доказ дека мозокот и убавината можат да одат заедно и дека има предрадости насекаде околу нас.

Таа починала на 19 јануари 2000 година.