Скоро 90 отсто од сајбер нападите во март биле насочени кон Русија и Украина

Сподели со своите пријатели

Во последните неколку години се навикнавме на фактот дека најсериозните сајбер напади доаѓаат од Русија. Меѓутоа, по нејзиниот напад на Украина се случи нешто интересно. Во март, дури 70 отсто од сајбер нападите биле насочени кон цели во Русија.

Loading...

Истражувањето спроведено од Atlas VPN покажува дека Украина е на второ место по бројот на напади, со 19 отсто. Со други зборови, овие две земји (институциите и компаниите во нив) беа цел на дури 89 отсто од сите напади во текот на март. На трето место се САД, кои во тој период беа цел на само пет отсто сајбер напади.

 

 

Најголем број напади врз Русија се случија на 5 март, кога анонимни хакери и објавија сајбер војна на таа земја. Резултатот од таа кампања е што досега се објавуваа информации за вработени во руските државни институции, а хакирани се и државните ТВ канали.

Повеќето напади на глобално ниво, дури 90 отсто, во тој временски интервал, биле DDoS напади кои предизвикувале прекини или отежната работа на нападнатите сервиси. Најмногу напаѓани се банките (72 отсто), а потоа бизнис секторот (21 отсто). На трето место е ИТ секторот со два отсто напади, додека сите останати сектори биле нападнати во вкупно пет отсто од случаите.