Скоро 200 казни викендов за возачите низ Куманово

Сподели со своите пријатели

Скоро 200 казни напишала полицијата во текот на изминатиот викенд на подрачјето на Куманово поради непочитување на сообраќајните правила и прописи.

Loading...

– Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 195 возачи, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Најголем дел од казните, 149 од нив, биле изречени на возчаи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната.

25 санкции се изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 14 за управување возило без возачка дозвола и 7 за нерегистрирани возила.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без вода неколку локации во Куманово

Меѓу санкционираните е и еден возач кој се движел со 103 км/ч во населено место.

Сообраќајните контроли, додаваат од МВР, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.

Никола Ивановски

Loading...