Скоро 20.000 казни напишала полицијата во август

Сподели со своите пријатели

Во периодот од 01.08.2025-31.08.2025 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 19.343 издадени платни налози, 6.730 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.

Loading...

Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 82 лица, од кои 46 за возење под дејство на алкохол, 10 за возење под дејство на наркотични средства, две за возење во забранет правец, 13 за возење со брзина поголема од дозволената во населено место, 11 за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ нови цени на дел од горивата

Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на месец август беа евидентирани 4.113 прекршоци за неправилно паркирање, 1.825 мерки се изречени за возачи што управувале возило без возачка дозвола, како и 455 санкции за возење под дејство на алкохол.

Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 1.149 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и 164 пешаци и 81 возач на електричен тротинет. Исто така санкционирани се 803 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 411 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 92 заради техничка неисправност.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Максим Димитриевски: ЗНАМ е движење на младите – тие се иднината на Македонија

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.