Викендов на подрачјето на Куманово, полициските службеници од Секторот за внатрешни работи изрекле вкупно 188 санкции.
– Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 188 возачи, информираат од полицијата.
Најголем дел од казните, или 141 биле за возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 14 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 8 за управување возило без возачка дозвола, 5 за нерегистрирано возило и 20 мотоциклисти за неносење заштитен шлем.
Сообраќајните контроли, велат од полицијата, продолжуваат и во наредните денови.
– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.
Никола Ивановски