Бројот на стогодишници во Јапонија се искачи на рекордни 99.763, објави денес јапонската влада.
Ова е 55-та година по ред во која бројот на стогодишници се зголемува, објавува Кјодо.
Се проценува дека бројот на оние над 100 години ќе се зголеми за 4.644 во споредба со претходната година, заклучно со 15 септември, според информациите од Министерството за здравство, труд и социјална заштита.
Како што е наведено, жените сочинуваат околу 88 проценти од вкупниот број, односно 87.784, додека бројот на машки стогодишници е 11.979.
Најстарото лице е Шигеко Кагава, 114-годишна жена од Јаматокоријама во префектурата Нара.
Најстариот маж во земјата е Кијотака Мизуно (111) од Ивата во префектурата Шизуока.
Во Јапонија, во просек има 80 стогодишници на 100.000 луѓе.
Владата започна истражување за бројот на стогодишници во 1963 година, кога имало 153 од нив.
Бројот надминал илјада во 1981 година, а 10.000 во 1998 година.
Просечниот животен век на Јапонците бил 87 години за жените и 81 година за мажите во 2024 година, според Министерството.