К.М. од Скопје роден 1990 година, рано утринава околу 9:30 часот управувајќи го своето патничко моторно возило марка „Ауди А6“ излетал од автопатот Скопје – Куманово, информираат од СВР Куманово.
Возачот најверојатно поради брзо движење изгубил контрола над патничкото возило и движејќи се од Скопје кон Куманово излетал од десната страна на автопатот во близина на Агино село. К.М. се здобил со полесни телесни повреди и со возило на Итната медицинска помош е пренесен во кумановската болница, додека неговиот сопатник поминал без повреди.
Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Куманово, а возилото е пренесено на технички преглед каде подетално ќе се анализира со цел да се утврдат причините за сообраќајната несреќа, сообраќајот се одвивал редовно без прекини.