Скопјанец приведен во Куманово, бил агресивен кон полицајци

Сподели со своите пријатели

Четириесет и двегодишник од Скопје бил приведен ноќва во Куманово поради агресивно однесување кон полициски службеници.

– На 31.10.2025 година во 00.50 часот полициски службеници од СВР Куманово го привеле С.К. (42) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информираат од Секторот за внатрешни работи.

По целосно документирање на случајот, како што стои во соопштението, против него ќе следува соодветен поднесок.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ноќеска на полноќ започнува предизборниот молк