На 27.03.2017 година околу 01.30 часот во Скопје на ул „Малешевска“ непознат сторител предизвикал пожар во паркирано ТМВ „Застава 8310“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.Ѓ. (43) од Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Сторителот дошол до возилото, ја отворил незаклучената врата и со употреба на запаливо средство го предизвикал пожарот. Од страна на екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.