Скопјанец баран за разбојништво приведен на Табановце

Сподели со своите пријатели

На Граничниот премин Табановце вчера бил приведен 23-годишен жител на Скопје бидејќи бил баран под сомнение дека сторил кривично дело разбојништво.

– На 25.03.2022 во 01.50  часот на Граничниот премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода И.М.(23) од Скопје, затоа што при пасошка контрола било утврдено дека во службената евиденција е на стоп-листата, поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „разбојништво“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тој бил предаден  на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Никола Ивановски