Скопјанец баран за издржување затворска казна приведен на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 08,35 часот на Полициска станица за граничен премин Табановце, на влез во Република Македонија, од страна на полициски службеник лишен е од слобода С.Т.(46) од село Булачани-Скопје, затоа што при проверка во СТОП листата истиот е предмет на потрага за издржување казна затвор во траење од еден месец и 15 дена, за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста на сообраќајот“, информираат од Министертството за внатрешни работи.

Во 09,15 часот, со потврда за предавање на лице, е предаден на СВР-Куманово за понатамошна постапка.