Џина Стјуарт (51) магазинот Maxim ја избра за една од најубавите Австралијки.
Оваа секси баба има четири деца и двајца внуци, а вели дека е горда на својот изглед бидејќи се труди да води здрав живот.

На прашањето како е толку згодна, таа вели дека нејзината фигура се должи на скокањето на мини трамболина.

Тоа го прави по 20 минути секој ден и на тој начин согорува калории, особено кога не може да пешачи поради лошото време.

