Човечки остатоци стари илјада години, откриени во Финска, се чини дека припаѓаат на трансродови племенски водачи од железното време.
Истражувачите велат дека анализата на ДНК потврдила дека погребаното лице боледува од синдром на Клинефелтер и дека починатиот е погребан во женска облека, но со мечеви, пренесува лондонски Гардијан.
Антрополошките анализи покажуваат дека трансродовите луѓе не биле прифатени само во човечкото општество во Финска, туку биле почитувани членови на заедницата со висок статус.
Во овој гроб, првпат откриен во 1968 година за време на градежните работи, биле пронајдени накит и фрагменти од волнена облека, што укажува на тоа дека починатиот бил облечен „типично за жените од тоа време“, но и мечеви кои симболизирале мажественост.
– Погребаното лице бил многу почитуван член на неговата заедница – рече еден од авторите на студијата, Ула Моиланен, археолог од Универзитетот во Турку.
Анализата на ДНК покажа дека гробот содржи остатоци од лице кое страда од синдром на Клинефелтер.
Жените имаат два Х -хромозоми (XX) и мажите еден Х и еден Y хромозом (XY). Кај лица со синдром на Клинефелтер, мажот е роден со дополнителна копија на хромозомот Х (XXY).