Сиви китови умираат на брегот на Тихиот Океан, научниците не се сигурни зошто

Сподели со своите пријатели

Најмалку 70 сиви китови угинаа од почетокот на годината во плитките лагуни на полуостровот Долна Калифорнија во Мексико, каде што животните се собираат за да се парат и да се породат.

Loading...

Три сиви китови умреле во заливот Сан Франциско за време на нивната миграција на север, а еден покажал знаци на неухранетост, пишува „ЛА Тајмс“.

Морскиот биолог Стивен Сварц, кој ги проучува сивите китови од 1977 година, процени дека бројот на мајки во Лагуна Сан Игнасио, каде што се собираат повеќето китови во зима, е најнискиот досега забележан, со само пет пара забележани таму, според извештаите на истражувачите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Инфлацијата во еврозоната конечно стивнува

Истражувачите не се сигурни што предизвикува китовите да умрат, но многумина веруваат дека причината може да биде недостатокот на храна, со оглед на изнемоштената состојба во која се пронајдени некои од китовите.

Китовите мигрираат 6.000 милји (9.600 километри) од Долна Калифорнија кон арктичките и субарктичките области, каде што се хранат со мали ракови, пред да се вратат на југ.

Во 2019 година, научниците забележаа голем број мртви китови на плажите и бреговите на Калифорнија, Орегон, Вашингтон и Алјаска, а причината за смртта не беше дефинитивно утврдена.

Истрагата на Националната океанографска и атмосферска администрација (NOAA) сугерираше дека промената на достапноста на храна на Арктикот, заедно со климатските промени, можеби биле главен фактор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кинез погубен поради напад на автобуска постојка

Според податоците на NOAA, бројот на сиви китови во Тихиот океан е сè уште низок, но научниците не ја отфрлија можноста за уште една серија на смртни случаи.

Loading...

Иако се уште е рано за донесување заклучоци, експертите изразија загриженост за неухранетите китови и малиот број млади, пренесува Танјуг.