Ситуацијата со коронавирусот во Италија е потешка отколку во март

Сподели со своите пријатели

Во Италија денеска е регистриран рекорден дневен број на нови случаи на коронавирус – 7.322, со што вкупниот број на заразени достигна 372.799 лица.

Loading...

Претходниот дневен рекорден пораст беше на 21 март, кога се потврдени 6.557 нови случаи, при што биле направени само 26.336 тестирања, а во последните 24 часа се земени рекордни 152.196 брисеви.

Во последното деноноќие се регистрирани 43 смртни случаи, два повеќе од вчера, со што бројот на починати во земјата се зголеми на 36.289.

Околу 539 пациенти се наоѓаат на интензивна нега, односно 25 повеќе од вчера.

Габриела Точко

Leave a Reply