Сити подготвува преддоговор за Меси во зимскиот преоден рок

Сподели со своите пријатели

Премиерлигашот Манчестер сити ќе му понуди преддоговор на напаѓачот на Барселона, Лионел Меси во јануари, објави „Телеграф“.

Loading...

Забележано е дека Аргентинецот не планира да разговара со каталонскиот клуб на темата за неговата иднина до крајот на сезоната.

Тековниот договор на напаѓачот со Барселона е со важност до 30 јуни 2021 година.

Претседателските избори во Барселона се закажани за во март, по што новото раководство може да започне да го обновува сегашниот договор на Меси. Сепак, други, помеѓу кои е и Манчестер сити имаат можност порано да се договорат за условите на идниот договор.

Претходно, оперативниот директор на Сити, Омар Берада, изјави дека клубот ќе ја проучи опцијата за потпис на играчот доколку тој замине од Барселона.

Зоран Стерјовски

Leave a Reply