Сите возила на иранскиот претседател застанале поради лошо гориво, било измешано со вода

Сподели со своите пријатели

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан беше принуден да патува со такси до градот Тебриз откако сите три возила во неговата придружба застанаа во покраината Казвин поради бензин со низок квалитет измешан со вода, објави иранскиот весник Наср.

Loading...

„За време на неофицијалното патување на Масуд Пезешкијан во Тебриз, три автомобили што ги носеа него и неговите телохранители застанаа на половина пат во покраината Казвин поради бензин измешан со вода“, се вели во изданието.

Инцидентот се случил во близина на градот Такестан, а специјалниот инспектор на претседателот, Мустафа Молави, потврдил дека дефектот бил поврзан со бензинската пумпа на патот, пишува Наср, пренесува Индекс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Силна бура во Букурешт: Ветерот корнеше дрвја и покриви, едно лице загина (ВИДЕО)

„Пред Тасуа, претседателот и неговата копнена стража се упатија кон Тебриз со три возила и застанаа на бензинска пумпа пред излезот за автопатот Рашт. Откако дополнија гориво, сите три автомобили застанаа пред да стигнат до Такестан. Преку понатамошни проверки, утврдивме дека бензинската пумпа продава бензин со низок квалитет измешан со вода, а истиот прекршок беше пријавен и претходно“, рече Молави.

Како што додаде, Пежешкијан не контактирал со покраинската администрација, ниту презел никакви други мерки.