Сите волонтери на СДСМ на располагање на институциите

Сподели со своите пријатели

Волонтерите на Социјалдемократскиот сојуз од денеска ќе им се стават на располагање на институциите во борба против ширењето на коронавирусот, соопшти генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски.

Loading...

– СДСМ како одговорна и сериозна партија низ општинските структури создаде мрежа од млади волонтери, храбри луѓе кои не се во ниту една ризична група, спремни својот волонтерски ангажман да им го стават на располагање на институциите. Ја информирам јавноста дека сите наши волонтери низ целата држава ги ставаме на располагање на надлежните институции кои имаат потреба од волонтери, како Црвениот крст,  општинските сервиси но и секоја друга институција на која сега или во иднина ќе и биде потребно, вели тој во своето видео обраќање.

Како што појаснува ќе помагаат согласно потребите на институциите. Делувањето и вклучувањето на волонтерите ќе биде исклучиво под палката и насоките на надлежните институции.

– Тоа е одговорно, институциите ќе проценат каде и за што има потреба, на каков начин ќе им се помага на граѓаните. Во деновиве пред нас да ги тргнеме сите поделби, сите различности и да се сплотиме во предизвикот да го заштитиме нашето здравје.  Сечие здравје е важно, секој човек е важен. Да продолжиме дa се однесуваме одговорно, сериозно, зрело и смирено. Заедно сме сплотени во маката, но и заедно ќе излеземе од неа како победници, вели Николовски.

Тој ги повика граѓаните да ги почитуваат сите мерки и препораки на надлежните институции за полесно надминување на предизвикот со вирусот.

Никола Ивановски

Leave a Reply