Честата потрошувачка на пилешко може да има изненадувачки несакани ефекти. Меѓу нив има гоење и инфекции на уринарниот тракт, велат експертите.
Пилешкото месо е популарно месо низ целиот свет. Во само едно пиле, имате бело и црвено месо, делови што можете да ги крчкате или пржете набрзина … Дава можност за подготовка на разни вкусни начини и содржи малку маснотии, па затоа е популарно во диетите.
Но, честата потрошувачка на пилешко може да има изненадувачки несакани ефекти. Меѓу нив има гоење и инфекции на уринарниот тракт, велат експертите.
1. Го подига холестеролот
Студија објавена во американскиот журнал за клиничка исхрана потврди дека белото месо го зголемува лошиот ЛДЛ холестерол на ист начин како и црвеното месо. Ова може директно да влијае на здравјето на срцето и кардиоваскуларниот систем.
2. Не помага во диетата
Нутриционистите тука можеби малку туркаат мак на конец, бидејќи тие наведуваат дека дефинитивно ќе изгубите тежина побрзо ако јадете храна од растително потекло, отколку кој било вид месо, а со тоа и пилешко. Но, ако готвите или печете пилешко месо, наместо да го пржите во длабоко масло или да го похувате, тоа нема да порасне „само по себе“.
3. Доведува до инфекција
Забележете на пакетот дали животните биле клукани со антибиотици додека растеле. Пилешко што содржи бактерии може да предизвика инфекции на уринарниот тракт, затоа сте најбезбедни со пилешко одгледувано природно, а не со она што морало да прима антибиотици поради условите на фармата.
4. Носи ризик од бактерии
Студија спроведена во Америка покажа дека бактериите често се наоѓаат во пилешките гради во супермаркетите. Меѓу нив имало и бактерии отпорни на антибиотици, пренесува „Consumer report“, а повеќе од половина од примероците земени од супермаркетите низ целата земја содржеле и фекална материја.