Сите предности на вежабањето

Сподели со своите пријатели

Сите знаеме дека вежбањето согорува калории, ги формира мускулите, ги зајакнува коските и го подобрува целокупното здравје, но има многу повеќе причини зошто треба да бидете активни. Ви откриваме пет причини поради кои треба да почнете редовно да вежбате:

Вежбањето го подобрува здравјето на кожата – Вежбањето има долгорочни бенефиции за вашата кожа. Со  физичката активност се ублажува стресот и се намалува појавата на акни. Исто така, редовно и умерено вежбање е одличен начин за борба против стареењето, се разбира, додека не вежбате на сонцето, бидејќи штетните УВ зраци го зголемуваат ризикот од брчки и рак на кожата.

Вежбањето го намалуваа ризикот од рак – Истражувањата покажаа дека вежбањето е многу ефикасно во намалувањето на ризикот од многу видови на рак, вклучувајќи о ракот на дојката, дебелото црево и белите дробови. Физичка активност го намалува ризикот од прекумерна телесна тежина и помага во одржувањето на здрава тежина, што е клучно при превенција на ракот.

Вежбањето го зајакнува имунолошкиот систем – Студиите покажуваат дека редовното вежбање е поврзано со имунитетот. Кога вежбате, клетките на имунолошкиот систем циркулираат побрзо низ вашето тело и подобро напаѓаат бактерии и вируси.

Вежбањето има позитивен ефект врз вашиот мозок – Вежбањето не само што позитивно влијае на вашето тело, туку има и позитивно дејство врз мозокот. Истражувањата покажаа дека вежбањето може да го намали ризикот од деменција и Алцхајмеровата болест, како и да ги подобри когнитивните способности како што се помнењето и концентрацијата.

Вежбањето го подобрува варењето на храната – Редовно вежбање е важен фактор за здравјето на дигестивниот систем. Вежбањето му помога на вашето тело подобро да ја вари храната и ги зајакнувана мускулите кои се вклучени во варењето на храната. Вежбањето исто така го намалува стресот и може да го намали ризикот од прејадување и емоционално јадење на брза храна.