Сите општини имаат проблеми со енергетската криза – сметките за струја покачени за 6 пати, алармираат од ЗЕЛС

Сподели со своите пријатели

На состанокот на ЗЕЛС според информациите на градоначалниците на општините низ Македонија, сметките за електрична енергија се зголемени за повеќе од 5 пати и сметаат дека без соодветна помош од Владата ова е проблем што тешко ќе се надмине.

Loading...

Само за илустрација за огромното зголемување на трошоците, во Гевгелија просекот на сметките за електрична енергија бил околу 400 илјади сега е 2,9 милиони денари. Од општина Ѓорче Петров истакнаа дека во просек сметките за електрична енергија биле околу 700 илјади, а сега е 3,3 милиони денари, а општината е презадолжена и е соочена со проблеми со ликвидноста. Важно е да има брза интервенција која би требало да биде барем до нивото на трошоците за електрична енергија од пред кризата.

– Како сума 3 милиони денари се буџетските средства кои годишно општина Ѓорче Петров ги користи за годишно одржување на сите јавни објекти кои се во рамки на општината, сите игралишта, училишта и градинки, додека пак во моментов ја плаќаме таа сума на месечно ниво само спрема сметките за електрична енергија и дополнително со буџетскиот долг којшто го имаме, кој е пренесен оваа година. Доколку продолжи со овој интензитет да бидат сметките за електрична енергија, сериозно ќе ја доведе општината Ѓорче Петров во проблем со нејзината ликвидност.Она што лично го предложив на седницата на ЗЕЛС е барем Владата да ни излезе во пресрет да ја субвенционира разликата како модел кој што би бил најбрзо апликабилен во делот на финансиска помош на општините, а во меѓувреме исто така силно се заложиме за поголеми капитални инфраструктурни проекти кои би значеле поставување на фотоволтаици на сите јавни објекти во општината и дополнително измени на законската регулатива. Се надеваме на брза реакција на Владата со што не би биле дополнително загрозени и ќе излезат во пресрет на потребите на сите граѓани, истакна градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

 

ЗЕЛС: Бараме итни субвенции од Владата – општините се со наследени долгови и зголемени трошоци

 

Општина Чаир истакнаа дека сметките за електрична енергија се значително зголемени, но проблемот за парното е најалармантен во овој момент. Тој напомена дека не е проблем долгот на општина Чаир, кој се исплаќа на рати за загревањето на училиштата. Поголем проблем претставува исклучувањето од топловодната мрежа на граѓаните и тоа е сериозен предизвик бидејќи 25% според информациите се одкажале од парното. Трошоците за електричната енергија се зголемени од 500 илј 1,4 милони, а во најголемиот дел од институциите во општината зголемувањето е над 3 проценти.

– Вчера ние плативме 2 милиони денари од долгот и одговор ни беше дека ќе имаме топлинска енергија само за два дена. Се поставува прашањето “Што и ако ги подмириме сите долгови, кога по овој интензитет топлификација може да не снабдува нас уште девет до десет дена со парно и таман кога ќе започне учебната година пак ќе останеме без парно греење. Општина Чаир не е виновна во овој случај. Ние имаме долг, што нормално го плативме по рати, но пак ова претпријатие ќе има проблеми и не знам како ќе се решаваат по деновите кога ќе бидат подмирени овие долгови. Сите ставови на градоначалниците во ЗЕЛС се исти, бараме состанок со Владата и да ни помогне. Само како компарација на последниот месец и сега, плативме приближно 500 илјади денари за осветлување, а овој месец е 1.400.000 денари. Сметките се драстични и ова ќе биде голем товар за сите општини, изјави градоначалникот на Чаир Висар Ганиу.

Loading...

На седницата на ЗЕЛС, од страна на општина Валандово беше истакнато дека во моментов не е раскинат договорот за набавка на електрична енергија, нов договор треба да се склучи во февруари, но зголемување на цените ќе го оптовари буџетот. Општина Куманово пак покрај проблемите со зголемените трошоци за електрична енергија, имаат проблем и со зголемување на цена на гасот од 25 на 80 денари на метар кубен, што ќе го загрози снабдувањето на училиштата и градинките, а ќе го стави во нерентабилност и јавното претпријатие кое снабдува со гас. Исти се проблемите и во општините Охрид, Струмица, Велес. За градоначалникот на Струмица истакна дека трошоците за струја биле 7 милиони денари а сега се 25 милиони денари со барање дека Владата треба да обезбеди средства за капитални инвестиции за алтернативни извори на енергија. Градоначалникот на Велес Марко Колев истакна дека без интервенција на владата тешко ќе се опстои, општина Велес има сериозни проблеми во уредување на градежно земјиште и се лимитирани со приходи и буџет, при што нема дополнителни можности за финансирање за да ги покрие трошоците. Споредбено во октомври 2020 трошоците за струја биле 1,4 милиони додека во октомври 2021 трошоците се драстично зголемени на 6,6 милиони денари.