Во организација на Отсекот за превенција при СВР Куманово и Општинскиот совет за превенција на детско престапништво при Општина Куманово, во кружната сала на зградата на поранешниот Комитет се одржа трибина посветена на проблемот со семејното и родово базираното насилство.
Целта на јавната дискусија беше да се разгледаат можностите за подобрување на координацијата меѓу институциите, како и изнаоѓање механизми и решенија за побрзо и поефикасно постапување во случаи на пријавено насилство, со цел подобра заштита на жртвите и соодветно санкционирање на сторителите.

Темата на трибината ги засега сите граѓани, а особено жртвите на семејно насилство и институциите кои се надлежни за постапување по пријавите.
Од полицијата до граѓаните упатија апел, секој вид семејно насилство веднаш да биде пријавен.
– Од страна на Отсек за превенција од СВР Куманово се упатува апел до сите жени, девојчиња, машки лица, стари лица, кои трпат психичко и физичко насилство, од брачни партнери или членови на семејство, да се охрабрат и веднаш да ги пријават овие кривилни дела во СВР Куманово, за да можат сите Институции брзо и соодветно пружат пимош на жртвите, а насилниците бидат казнети, истакна м-р Лиле Младеновска, началник на Отсекот за превенција.

Во фокусот на дискусијата беше законската одговорност, начинот на постапување по пријави и казнувањето на сторителите на кривични дела поврзани со семејното и родово базираното насилство.
Според извештајот на Полициската станица од Општа надлежност за 2025 година, во текот на 2025 година во Куманово имало 86 кривични дела од областа на земејното насислтво.
– Со соодветен поднесок се реализирани вкупно 86 кривични дела од областа на семејно насилство извршени од страна на 90 сторители од кои: 80 се мажи и 10 се жени. 19 од сторителите биле под дејство на алкохол, 1 под дејство на наркотични дроги и 70 под психичко или друг вид на растројство. Според начин на извршување 70 случаи биле извршени со употреба на физичка сила или закана, 8 случаи со употреба на ладно оружје, 1 случај со огнено оружје и 7 на друг начин, стои во извештајот.

На трибата присуствуваа и претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, како и членови на Советот, претставници од општинската администрација, од Отсекот за превенција при СВР Куманово и Одделот за криминалистичка полиција.
Присутни беа и претставници од Основното јавно обвинителство Куманово, ЈУМ Центарот за социјални работи – Куманово, како и претставници на граѓански здруженија.

Никола Ивановски

