Сите информации за вакцинација од денес достапни на kovid19vakcinacija.mk

Сподели со своите пријатели

Одделението за односи со јавност при Министерството за здравство соопшти дека од денеска е пуштена во употреба он-лајн платформата kovid19vakcinacija.mk на која граѓаните може да се информираат за вакцините, процесот и фазите на вакцинација.

Loading...

 

Сите одговори на најчесто поставувани прашања во однос на вакцинацијата се сиблимирани и достапни тука.

Преку оваа страница може да се пристапи кон апликацијата за искажување заинтересираност за вакцинација против КОВИД-19 ” vakcinacija.mk “.

Имунизацијата е безбеден и ефикасен процес и е единствен начин за превенција од ширење на заразни болести и спасување животи.

Денеска се достапни вакцини за над 20 болести кои спасуваат милиони животи ширум светот. Сите вакцини против Ковид-19 се развиени на безбедни платформи и се моќно глобално оружје кое треба да стави крај на пандемијата.

 

Loading...

Leave a Reply