На литванскиот државјанин кој летал за Италија, во авионот го пречекало пријатно изненадување, затоа што бил единствениот патник во Боинг 737-800.
Loading...
Скирмантас Стримаитис, кој летал од литванската престполнина Вилнус до италијанскиот град Бергам на ски одмор, имал едиснтвена можност сам да лета со авион кој може да прими 188 патници.
Освен него, во авионот имало и двајца пилоти и пет членови на екипажот.
Стримаитис за АП рекол дека летот, кој траел нешто подолго од два часа, бил „единствено искуство“.