Сите би сакале да им е поранешен: Ја исплатил хипотеката на поранешната девојка (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Шаун Ниланд одлучил да ја изненади поранешната девојка Кет со необичен подарок за роденден. Двојката е во врска седум години и го имаат тригодишниот син Лео. Иако се бореа да продолжат,сепак  тие раскинале во април годинава. Сепак, и понатаму биле крајно блиски. Така, Шон ја вратил хипотеката на куќата за 31. роденден на Кет.

Loading...

Во видеото објавено на TикТок, Шон и дава на Кат комплет клучеви.

 

 

„Зошто ми ги даваш? го праша таа.

“Денес е твојот роденден и сакам да биде најдобар досега. Да, ние повеќе не сме заедно, но јас сум горд на тебе, ти си најдобрата мајка на светот, па јас направив нешто”,вели и открива дека ја вратил хипотеката на куќата.

„Оваа куќа ти припаѓа сега на тебе“, додава тој.

Loading...

Таа не верува и останува во шок, изненадена од гестот на поранешниот партнер.

Видеото собра повеќе од 6,8 милиони прегледи и луѓето биле воодушевени од врската на двојката.

“Така се воспитува детето заедно”, “Ова е пример за човек кој ја цени мајката на своето дете. Ти симнувам капа”, се некои од коментарите.

 

https://www.tiktok.com/@shaun.nyland/video/7018566032554036485?is_copy_url=0&is_from_webapp=v1&sender_device=pc&sender_web_id=7018437766186927621