На социјалните мрежи се појави фотографија од необична сообраќајна несреќа во една кинеска провинција која ги растажи срцата на корисниците ширум светот.
На неа се гледа како мал троцикл за достава удрил во задниот дел на скапиот Ролс Ројс Гоуста. Овој инцидент се случил во градот Гуијанг во кинеската провинција Гуизхоу.
Loading...
Почетната цена на оваа скапоцено возило во Кина е 4,2 милиони јуани, па е јасно дека и наистните поправки се исклучително скапи. Според кинескиот закон оној кој го удира возилото во задниот дел со друго возило по автоматизам е виновен за сообраќајката.
Она што дополнително го загрижува возачот е што троциклот не е осигуран, ниту на лично ниту на ниво на компанијата, па од сопствениот џеб мораат да ја подмират штетата која ќе ја направат.
Затоа оваа фотографија од возачот кој плаче по судирот ги растажи сите кои ја имаат видено, а поради плаќањето на поправката овој работник веројатно ќе банкротира.