Бунтовниците кои ја соборија сириската влада изјавија дека ја презеле контролата врз источниот град Деир ал-Зор по интензивните борби со силите предводени од Курдите, поддржани од САД.
Loading...
Еден од командантите на Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), кој ја предводи бунтовничката алијанса, Хасан Абдул Гани, синоќа објави дека бунтовничките сили целосно ја презеле контролата врз градот Деир ал-Зор на истокот на Сирија. Ројтерс.
Курдскиот Сириски демократски фронт (SDF) го држеше градот под контрола само неколку дена.
СДФ претходно соопшти дека во петокот повторно го освоила Деир ал-Зор и областа западно од реката Еуфрат од силите лојални на сириската влада на Башар ал Асад.