Силен земјотрес рано утринава ги погоди Турција и Сирија, а во него може да има илјадници загинати луѓе.
Земјотрес со јачина од 7,8 степени по Рихтер рано утринава ја погоди јужна Турција и според првичните податоци е почувствуван во голем дел од земјата како и во неколку земји во регионот, вклучително и соседна Сирија.
Официјалниот број на загинати, според последните информации, низ Турција и Сирија сега изнесува повеќе од 640, а илјадници се повредени.
За жал, бројот на загинати може да се зголеми.
Социјалните мрежи се преполни со фотографии и видеа од разорниот земјотрес, а една таква доаѓа од Сирија од градот Хамим, кој е срамнет со земја.
It’s so heartbreaking to see. Syria has already suffered enough. Ya Allah reham! 🤲
📌 Syrian city Hamim#earthquake pic.twitter.com/lKPkU9Pw77
— Justuju – جستجو (@justujuuu) February 6, 2023