Сирија се рекламира како туристички рај (видео)

Сподели со своите пријатели

Повеќе од пет години во Сирија беснее крвава граѓанска војна, додека џихадистите на Исламската држава систематски пустошат, разоруваат, убиваат и го протеруваат населението на оваа земја.

Тука се и разни бунтовнички групи кои не помагаат во ситуацијата, но без оглед што светот секојдневно го обиколуваат слики од многу ибиени и повредени цивили, Сирија се рекламира како туристички рај и ги повикува туристите да дојдат на летување на нивните златни песочни плажи.

Сириското Министерство за туризам објавило и промотивно видео кое ја прикажува другата страна на тешката реалност во насилно уништената земја.

Градот на брегот на Тартус во видеото се прикажува каок рај на земјата, во кој туристите уживаат во кристално чисто море и песочни плажи.

Војната помеѓу силите на Асад, бунтовниците и ИСИС досега згасна над 470.000 животи. Според податоците од ООН, Сирија досега ја напуштиле 4,8 милиони луѓе, иако реално бројката е многу поголема.

Со тие пдоатоци, сириското Министерство за туризам во понеделник на социјалните мрежи објави дека се бележи раст од 30% на туризмот во државата оваа година.

Сириското министерство ги препорачува и Палмира и Латакија. Само за потсетување Палмира е древен град под заштита на УНЕСКО, а целосно е разрушен во налетот на силите на ИСИС минатата година, додека ригонот околу градо Латакија е место каде се воад жестоки битни на сириската војска и милитантната групација Џаиш Ал-Фетех.