Ескперти од Обединетите нации соопштија дека истражуваат повеќе извештаи за употреба на бомби наполнети со хлор и хлорин во сирискиот град Саракеб во Идлиб и во Дуома, Источна Гута.
Во сооштнието на шефот на Меѓународната комисија за истрага во Сирија, Паул Пинхеир, во опсадите во источната енклава Гаута се случило бомбардирање и намерно изгладнување на населението, пренесува Ројтерс.
Во извештаите се наведува дека во воздушните напади погодени се најмалку три болници во изминатите 48 часа.
Амбасадорката на САД во ОН, Ники Хејли претходно ја обвини Русија дека го штити сирискиот претседател Башар ал Асад за кого наведува дека е одговорен за повеќе напади со гасот хлорин врз цивилите изведени во изминатите недели, пренесува АП.
Се наведува дека Хејли вчеравечер во Советот за безбедност при Обединетите нации рекла дека Русија го одложила усвојувањето на соопшрението на советот со кое се осудува употребата на хемиско оружје, вклучувајќи го и нападот за кој е известено дека се случил минатиот четврток во Источна Гута, предградие на Дамаск кој го држи опозицијата, а каде се повредени над 20 цивили.
АП пренесува дека рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензија возвратил дека е целосно јасно дека целта е во суштина сириската влада да се обвини за користење на хемиско оружје во ситуација каде ниту еден сторител не е идентификуван.
Се наведува дека Русија предложила спротивно соопштение во кое не се споменува нападот изведен во четврток и делот со неприфатливо ниво на насислтво во Сирија, особено во Источна Гута.