Амбасадорот на Сирија во Обединетите нации, Башар Џафари изјави дека Дамаск ќе овозможи посета на меѓународните инспектори за хемиското оружје кога и да посакаат во градот во кој наводно минатата недела бил извршен напад со хемиско оружје.
Џафари во Њујорк рекол дека тим инспектори од Организацијата за забрана на хемиското оружје е на патот кон Дамаск и дека им се овозможени посетите.
Тој рекол дека секое одложување или опструкции на нивната посета ќе биде последица на политичкиот притисок од западните земји, за кои Сирија тврди дека го политизирале прашање.
Џафари негираше дека неговата влада користела хемиско оружје и додаде дека „терористите“ имаат пристап до такво оружје.
Во нападот на Дума минатата недела убиени се на 40 лица, наведуваат опозициските активисти и лекари.
САД и другите западни земји ја обвинија владата на Сирија и се закануваат со воена акција.