Сирискиот претседател Башар ал Асад изрази силна поддршка за руската специјална воена операција во Донбас, соопшти Кремљ.
Истовремено, Асад ја осуди, како што оцени, дестабилизирачката политика на САД и НАТО, која своевремено доведе до сериозна деградација на ситуацијата на Медитеранот и на Блискиот Исток, пренесува Интерфакс.
Разговорот се водел на иницијатива на сириската страна.

