На Граничниот премин „Табановце“, вчеравечер околу 20.15 часот, поради постоење основи на сомнение за фалсификувана израелска патна исправа на име А.С., бил приведен и задржан (по негово кажување) Х.А.(28) од Сирија.
Како што информираат од полицијата, во 22.00 часот тој бил предаден на инспектор од Регионалниот центар за гранични работи Север за понатамошна постапка.