Сирење уби Италијанец

Сподели со своите пријатели

Сопственик на складиште за сирење во италијанската област Ломбардија починал кога бил закопан од илјадници кругови од овој млечен производ, потврдија властите.

Loading...

Пожарникарот Антонион Дуси изјави за агенцијата Франс прес дека макарите паднале врз 74-годишниот Џакомо Чиапарини откако напукнале полиците во неговиот магацин.

Ова предизвикало домино ефект со што следел пад на илјадници макари тешки околу 40 килограми.

Пожарникарот Дуси објасни дека 12 часа го барале телото на овој постар човек.

Некои ролни паднале од височина од десет метри, а еден од жителите за италијанските медиуми изјавил дека звучело како „удрен гром“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Проруски сепаратистички регион: Демонстранти насилно го окупираа парламентот, најавија рушење на владата

Проценетата материјална штета е околу седум милиони евра.

Соседот пред медиумите го опиша Киапарини како „дарежлив и грижлив човек“.

На новинарите им беше кажано дека 74-годишникот изгубил дете пред неколку децении.

Loading...

Во еден магацин во Романо ди Ломбардија, 50 километри источно од Милано, имало околу 25.000 тркала Грана Падано, тврдо сирење кое наликува на пармезан и е популарно во Италија.