Синот на основачот на Ал Каеда, Омар бин Ладен е депортиран од Франција, каде што живеел како сликар во Нормандија со години, и му е забрането да се врати во земјата откако беше откриено дека објавил коментари на социјалните мрежи за кои се верува дека го величаат тероризмот.
Францускиот министер за внатрешни работи Бруно Ретало изјави дека потпишал наредба за забрана на Омар бин Ладен да влезе во Франција, но не даде дополнителни детали, пренесе Фигаро.
Нема враќање во Франција
„Господинот Бин Ладен, кој неколку години живееше во регионот Орне како сопружник на британскa државјанка, објави коментари на своите социјални мрежи во кои го величеше тероризмот во 2023 година“, напиша Ретај на X.
Поради административната забрана, на Бин Ладен му е забрането да се врати во Франција.
Ројтерс не можеше да ја пронајде објавата на Бин Ладен на социјалните мрежи.