Синот на Болсонаро обвинет за принуда

Сподели со своите пријатели

Федералниот пратеник од Бразил, Едуардо Болсонаро, син на поранешниот претседател Жаир Болсонаро, е обвинет за принуда, објави канцеларијата на државниот обвинител.

Обвинението е поврзано со случајот во кој неговиот татко беше осуден за обид за државен удар, објави Ројтерс.

Државните обвинители наведуваат дека Едуардо „постојано се обидувал да ги потчини интересите на Бразил и целата општествена заедница на неговата лична и семејна агенда“.

Едуардо Болсонаро се пресели во САД претходно оваа година за да побара поддршка од американскиот претседател Доналд Трамп за да ја запре кривичната постапка против неговиот татко, објави Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ДОАЃА СУПЕРТАЈФУН: Евакуации во Филипини, Тајван и Кина

Тој, исто така, ја презеде заслугата за притисокот врз Белата куќа да воведе царини од 50 проценти за повеќето бразилски производи.